Вчера (03.06.2025), по повод 3-јуни “Светскиот ден на велосипедистите” полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово спроведоа превентивна активност во централното градско подрачје на Тетово.
Полициските службеници со едукативна кампања за безбедно учество на велосипедистите во сообраќајот, а под мотото „Вози велосипед и јас внимавам и безбедно возам”, на велосипедистите им делеа информативни летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП, а по однос на правилата и прописите при управување на велосипед. Исто така на велосипедистите им беше укажано за важноста од ограничената брзина за движење на велосипедите, за задолжителното носење на кацига-заштитен шлем, како и совети да не возат под дејство на алкохол или да превезуваат лице кое е под дејство на алкохол.
Целта на оваа активност беше насочена кон правилно, одговорно и безбедно учество во сообраќајот и намалување на опасностите од сообраќајни незгоди.