03 јуни 2025

Превентивни активности на ОВР Пробиштип

 

Денеска (03.06.2025) од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип, за учениците од подрачното општинско училиште „Ванчо Трајков” во село Злетово, беше организирана и одржана едукативна работилница на темата – „Основни сообраќајни правила и прописи”.

Притоа, децата, преку наменски подготвено видео предавање беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот, и како пешаци, а особено кога возат велосипеди или тротинети. Исто така беа објаснети значењата на сообраќајните знаци, на сообраќајната сигнализација, на поимот – сообраќајна култура, со порака до учениците за внимателно и одговорно однесување во сообраќајот пред се во интерес на личната безбедност.