Денеска (02.06.) полициски службеници од Отсекот за превенција при ПС за ОН Куманово, спроведоа превентивни активности од областа на имотните деликти. Во централното градско подрачје на Куманово полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните советуваа и укажуваа на потребата од внимателност и одговорност, особено сега пред претстојната сезона на летни одмори. А со единствена цел – заштита на материјалните добра и имот и превенирање на ризиците од имотни деликти (тешки кражби, кражби, разбојништва и друго). Исто така, беше посочено од страна на полициските службеници дека е пожелно техничките средства за заштита како видео-надзорот или алармните системи да бидат во функционална состојба, како уште еден механизам во превенцијата од имотни деликти. Секако како најважна беше акцентирана благовремената комуникација и соработка со полицијата во насока на спречување на овој вид криминални активности.