Денеска (02.06.) од страна на полициски службеници од ПС ОН Радовиш, на повеќе локации во градот, беше реализирана сообраќајна едукативна активност, чија што цел беше да им се укаже на сите учесници во сообраќајот за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.
Притоа, возачите беа советувани дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да не возат под дејство на алкохол, да користат сигурносен појас и да не употребуваат мобилен телефон при возење. Покрај ова, на граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал со совети за поголема безбедност во сообраќајот, изработен од страна на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а акцијата беше поддржана и од општината Радовиш.