Денеска (02.06.2025) во средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче" во Крушево беше изведена симулациска вежба за брза евакуација и однесуванье во кризни ситуации, односно симулација на пожар. Полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст од Крушево, Територијалната противпожарна единица Крушево, како и екипа на Итна медицинска помош Крушево и ученици од средното училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Вежбата беше спроведена со цел учениците да да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, односно начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.