01 јуни 2025

СВР Скопје со превентивни активности за заштита на шумите

Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со ЈП „Национални шуми“ на подрачјата на ПСОН Карпош, денеска (01.06.) спроведе превентивна активност во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва.
Притоа во рамки на активноста во разговор со граѓаните беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично со цел брза и навремена реакција на институциите.
Исто така беше нагласено дека во пресрет на летниот период и зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Покрај тоа граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која ги опфаќа пожарите и бесправната сеча на дрва.
Целта на оваа активност беше да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните. Воедно на граѓаните им беа делени и информативни летоци.