Денеска (30.05.) полициски службеници од ПО за БПС Кочани спроведоа едукативно превентивна активност на eкспресниот пат А3 Кочани-Штип под мотото „Стави појас-вози безбедно“.
Притоа, во рамки на превентивната активност, преку непосредна комуникација со граѓаните, им беше укажувано на неопходноста од почитувањето на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, пред се во поглед на задолжително користење на сигурносните појаси при возење, што подеднакво важи и за возачите и за сопатниците. Исто така, полициските службеници делеа едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.