29 мај 2025

„Да ги заштитиме шумите од пожари и бесправна сеча“, превентивни активности на РЦГР Север

 

Денеска (29.05.) полициски службеници од ПС за ГН Попова Шапка при РЦГР Север на подрачјето на селата Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце реализираа превентивна активност насочена кон заштита на шумите од пожари и превенција од бесправната сеча на шуми. Во непосредна комуникација со жителите на овие населени места беше укажано на причините и последиците од шумските пожари, како и на законските санкции по однос на бесправната сеча на шуми.

Инаку, во текот на минатиот месец во повеќе наврати на подрачјето на ПС за ГН Попова Шапка, од страна на полициските службеници беше спроведена превентивна активност фокусирана на превенцијата од пожари и бесправна сеча на шуми. Целта на овие активности е да се влијае врз граѓанската свест и одговорност, а во текот на истите беа делени и едукативни летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“, под мотото – „Да ги заштитиме шумите од пожари и бесправна сеча“.