29 мај 2025

Превентивни активности на СВР Куманово за безбеден сообраќај

 

Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска (29.05) во централното градско подрачје на Куманово реализираше превентивна активност „Безбедно во сообраќајот“. Во непосредна комуникација, на возачите им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, за штетноста од користење на мобилен телефон при управување возило, но и за доследно почитување на сите правила и прописи.

При превентивната активност на граѓаните им беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Истата превентивна активност беше спроведена и на подрачјето на ОВР Крива Паланка.