29 мај 2025

Превентивни активности на СВР Тетово за побезбеден сообраќај

 

Отсекот за превенција при СВР Тетово заврши со практично имплементирање на превентивно едукативниот проект „Чекор по чекор“, наменет за децата од предучилишна возраст и нивната безбедност во сообраќајот, со денеска (29.05) реализираните едукативни предавања во градинките „Младост“ во тетовската населба Поток и во „Миѓени“ во Тетово.

Притоа, стручно обучени полициски службеници од Полицискaта станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово, на децата од предучилишна возраст, им одржаа предавање и им објаснуваа како да се движат во сообраќајот, секако со напоменаа да внимаваат на сообраќајните знаци. Исто така, на децата им беа презентирани дел од опремата на сообраќајната полиција.