29 мај 2025

Симулациска вежба на СВР Струмица за постапување во кризни ситуации

 

Денеска (29.05.) полициски службеници од СВР Струмица во соработка со Црвениот крст Струмица, како и претставници на ТППЕ Струмица, Дирекција за заштита и спасување Струмица, РЦУК Струмица и ДПД Струмица, во Основното општинско училиште „Атанас Нивичански“ во Нова Маала, за учениците и воспитно-образовниот кадар на ова училиште реализираа симулациска вежба - евакуирање на ученици и вработени во училиштето во случај на пожар.

Притоа, покрај пренесените основни теоретски информации важни во справувањето со таквиот вид кризна состојба, особено во делот на протоколот на постапување, преку практична показна вежба на учениците им беше презентирана целокупната постапка на безбедна и брза евакуација, пружање прва помош, елиминирање на паника, односно се она што е важно за успешно надминување на кризната состојба.