Денеска (29.05.) полициски службеници за безбедност на патниот сообраќај и за превенција од СВР Штип за учениците од прво до петто одделение од Основното општинско училиште „Климент Охридски“ во село Облешево одржаа едукативно предавање посветено на безбедноста во сообраќајот. Притоа, на децата им беа презентирани правилата и прописите важни за нивната сообраќајна безбедност - како се преминува безбедно улицата и тоа само на обележан пешачки премин, да не се игра во близина на улица, како и за сообраќајните правила и прописи кои треба да ги почитуваат како учесници во сообраќајот, независно дали се пешаци, велосипедисти или возат тротинети.
Исто така, денеска и од страна на полициски службеници од ПС ОН Делчево беше реализирана превентивна активност на повеќе локации во Делчево под мотото – „Градиме пријателство -создаваме безбедност“, посветна на превенција од имотни деликти, односно превенцијата од џебни кражби, измами и провални кражби. Активноста е реализирана преку непосредни средби со граѓани, особено со оние од повозрасните категории, на кои им беше појаснето како да се заштитат од сторителите на овие кривични дела и што да превземат за нивно благовремено спречување. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.