27 мај 2025

Превентивни активности на СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Полициски службеници од ПС за БПС Штип денеска (27.05.) на експресниот пат Штип-Кочани спроведоа  превентивна активност под мотото - „Не заборавај - стави појас“. На возачите им беше укажувано за тоа која е предноста од користење на сигурносни појаси, пред се за личната безбедност на возачот и сопатниците. Полициските службеници ги информираа граѓаните за законската регулатива, односно санкционирањето за некористење на сигурносниот појас, а беше делен и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП.
Во рамки на истата проблематика - безбедноста во сообраќајот и во Кочани денеска од страна на полициски службеници од ПО за БПС Кочани беше реализирана превентивна активност. Тие за учениците од првите одделенија од ОУ „Никола Карев“ во Кочани, спроведоа едукативно предавање со практичен показ за регулирање на сообраќајот на крстосница, за безбедно преминување на улицата и сообраќајните правила и прописи кои треба да ги почитуваат како учесници во сообраќајот.
Инаку, денеска и полициски службеници ОВР Делчево спроведоа превентивна  активност на повеќе локации во Делчево – „Градиме пријателство -создаваме безбедност -обезбеди го твојот дом“, посветена на превенција од имотни деликти, односно заштита од тешки кражби, џебни кражби, измами и провални кражби. Во непосредните средби со граѓаните, особено со оние од повозрасните категории, полициските службеници советуваа и објаснуваа како граѓаните да се заштитат од сторителите на ваквите кривични дела и што да преземат. На граѓаните им беа делени и летоци со едукативна содржина.