27 мај 2025

„Вози безбедно“, превентивна активност на РЦГР Југ

Денеска (27.05.) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, на граничниот премин Стар Дојран спроведоа превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот „Вози безбедно“.
Притоа, на патниците при влез во државата во неспоредна комуникација полициските службеници им укажуваа за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, со корисни совети за безбедно движење. Граѓаните беа информирани и дека на овој граничен премин, со цел побрз проток на патници и товарни возила, оваа година се поставени и нови кабини за да се намали времето на чекање при влез и излез. На патниците им беа делени и едукативни летоци, изработени на повеќе јазици.
Истата превентивна активност беше спроведена и во населените места Стар и Нов Дојран, каде што преку средби со месното население исто така беа поделени корисни совети и поуки за безбедно учество во сообраќајот.