26 мај 2025

Превентивна активност на СВР Тетово за безбеден сообраќај

Отсекот за превенција при СВР Тетово, денеска (26.05.) започна со практично имплементирање на превентивно едукативен проект „Чекор по чекор“, наменет за децата од предучилишна возраст. Притоа, стручно обучени полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово на децата од предучилишна возраст од градинките „Младост“ во селата Боговиње и Голема Речица, како и детската градинка „Кирил и Методиј“ во Тетово, им одржаа едукативни предавања, чија што цел беше да им се објасни на децата како да се движат во сообраќајот, за важноста и значението на сообраќајните знаци, за улогата на полицаецот и слично. СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжи со проектот кој е предвиден да се реализира во сите градинки од тетовско- гостиварското подрачје.