23 мај 2025

Превентивни активности на подрачје на СВР Штип

На подрачјето на СВР Штип во текот на денов (23.05.) се реализираа неколку активности од областа на превенцијата во сферата на сообраќајната безбедност. Така во централното подрачје на Кочани, од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кочани беше спроведена превентивна активност под мотото – „Не пиј кога возиш“, а насочена кон подигање на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност за време на управување со моторно возило. Возачите беа советувани да не употребуваат алкохол при возење за да не си го загрозат сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот и дека токму алкохолот е често причина за предизвикување на тешки сообраќајни незгоди. 

Исто така, и од страна на полициски службеници при ОВР Делчево беше реализирана превентивна активност во овој град а под мотото „Вози одговорно, стави појас“, со посебен нагласок на фактот дека некористењето на сигурносниот појас е една од главните причини за голем број загинати и тешко повредени лица во сообраќајни незгоди. 
Во Пробиштип, пак, полициски службеници од ОВР Пробиштип се фокусираа на едукативната активност под мотото „Ако пиеш не вози, ако возиш не пиј“, при што на учесниците во сообраќајот им беше укажано за штетните последици кој го има алкохолот при управување со моторно возило, како и законски предвидените санкции за управување под дејство на алкохол. Дополнително беше реализирана и активноста – „Сите сме пешаци“ при што и на учесниците во сообраќајот - пешаците им беа давани поуки и совети дека при движење треба да се користат сообраќајните површини предвидени за движење на пешаци - тротоари, како и пешачките премини при поминување на улиците. Инаку во рамките на сите овие активности беа делени наменски едукативни летоци со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.
Напоредно со овие активности денеска и ОВР Свети Николе, во соработка со Центарот за управување со кризи, со Територијална противпожарна единица и Јавно претпријатие „Национални шуми“, во селата Павлешенци, Стањевци, Долно Ѓуѓанци и Орел спроведоа превентивно-едукативна активност под мотото „Палење на шумите е криминал“ и „Незаконско сечење на дрва е криминал“.
При спроведувањето на активностите во разговор со граѓаните и месното население беше укажувано на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, особено во летниот период, а беа споделени и информации за тоа каде и како да се пријавуваат пожарите, односно за начините на превенција и заштита на шумите.
Целта на превентивната активност беше да се подигне јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при излети и други рекреативни активности во шумите, со посебно внимание околу ризиците од настанување на шумски пожари.
Воедно беа делени летоци со информативна содржина.