23 мај 2025

Превентивни активности на СВР Куманово

Вчера (22.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово во Основното општинско училиште „Толи Зордумис“ во Куманово спроведоа едукативна работилница од областа на безбедноста на сообраќајот.

На работилницата, насловена како „Основни сообраќајни  правила и прописи“, на учениците им беше укажано за важноста и значењето на сообраќајните правила и прописи особено за нивното однесување кога се во улога на пешаци или велосипедисти.
Исто така, на 20.05.2025 полициски службеници од ОВР Крива Паланка во соработка со Територијалната противпожарна единица, со Црвен Крст и Здравствениот дом Крива Паланка реализираа симулативна вежба за постапување во случај на пожар.