23 мај 2025

„Сообраќајна култура и безбедност во сообраќајот“ – превентивна активност на СВР Тетово

Вчера (22.05.) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во градинката „Јета“ во село Камењане, тетовско, реализираа едукативно предавање од областа на безбедноста во сообраќајот. 

На темата - „Сообраќајна култура и безбедност во сообраќајот“, полициските службеници за децата од предучилишна возраст ги презентираа сите важни факти од сообраќајот неопходни за нивното однесување како учесници во сообраќајот и како пешаци и како велосипедисти. Целта на предавањето беше насочена не само кон квалитетно едуцирање на децата, туку и кон развивање на нивото на лична одговорност и на сообраќајната култура кај најмладата популација од предучилишна возраст и нивна подготовка како идни ученици безбедно и сигурно да патуваат како пешаци до училиште и кон нивните домови.