Денеска (22.05.) од страна на полициски службеници од Полициското одделение за БПС Кочани во Кочани беше реализирана превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот под мотото – „Паркирај совесно“. На повеќе локации во градот полициските службеници им укажуваа на несовесните возачи кои ги паркираат возилата на јавни површини, особено на тротоари и околу кружни текови, за тежината на сторениот прекршок, со соодветна поука при што дополнително им беа делени и едукативни летоци, изработени во соработка со РСБСП. Исто така, на граѓаните им беше посочено, кога паркираат да не оставаат вредни предмети во автомобилите во насока на превенирање на тешки кражби во возила,