22 мај 2025

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, превентивна активност на СВР Струмица

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на 20.05.2025  спроведоа едукативно-превентивни активности во рамки на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“,  со учениците од прво до петто одделение во општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во село Босилово, струмичко.
Преку едукативно предавање и интеракција со учениците, на децата им беше укажано како правилно да се движат - како учесници во сообраќајот, односно како пешаци, како возачи на велосипеди или на тротинети, а се со цел подигање на нивото на нивно знаење и одговорност, со што би се влијаело кон намалување на бројот на сообраќајни несреќи во кои се повредени деца.
Активноста дополнително беше збогатена со акцијата за обнова на хоризонталната сигнализација на постојниот пешачки премин пред училиштето, со што беше испратена силна порака за значењето на безбедното движење на децата во сообраќајот.