21 мај 2025

Симулациска вежба на СВР Битола за однесување во кризни ситуации

 Вчера (20.05.) во средното општинско училиште „Цар Самоил“ во Ресен беше организирана симулациска вежба за брза евакуациа и однесување во кризни ситуации, односно беше изведена симулација на пожар, а во показната вежба партиципираа полициски службеници од ОВР Ресен  при СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст од Ресен, Територијалната противпожарна единица Ресен и екипа на Итна медицинска помош Ресен. Вежбата насловена како - „Начин на однесување во кризни ситуации“ беше спроведена со цел учениците и присутните граѓани да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, совладувањето на паниката и безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.