20 мај 2025

Превентивни активности на СВР Битола за безбеден сообраќај

Денеска (20.05) полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола во соработка со РСБСП спроведоа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, а насочени кон задолжителното користење сигурносен појас и штетноста од употреба на мобилен телефон при возење.
Под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“, едукативната активност беше реализирана во централното градско подрачје на Битола.  Полициските службеници апелираа до граѓаните за стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно беа делени и едукативни летоци изработени со поддршка од РСБСП.
Инаку, исто така и од страна на полициски службеници од ОВР Крушево во централното подрачје во Крушево беше реализирана превентивна активност за безбедност во сообраќајот под мото „Алкохол и волан најлоша комбинација“.