20 мај 2025

„Сите сме пешаци“, превентивна активност на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од ПСОН Центар денеска на подрачјето на оваа полициска станица  спроведоа превентивна активност „Сите сме пешаци“.
Aктивностa беше реализирана на локации на улиците „Даме Груев“ и  „Димитрие Чуповски“, при што тргнувајќи од основната цел на проектот за зголемување на нивото на сообраќајна култура, полициските службеници преку практични поуки и укажувања апелираа до возачите и до пешаците за внимателност и одговорност во сообраќајот, со почитување на сообраќајните правила и прописи. Воедно, на граѓаните им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.