20 мај 2025

Превентивна активност на СВР Струмица за безбеден сообраќај

Вчера (19.05.) на подрачјето на Струмица, како и во село Радово, струмичко, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и од Полициската станица Струмица реализираа превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот.
На возачите кои беа затекнати како управуваат моторни возила, преку непосреден разговор и делење летоци им беше укажано да не употребуваат алкохол пред да седнат зад волан, да не користат мобилен телефон додека управуваат моторно возило, како и за нивната должност да користат сигурносен појас при управување на возилото. Притоа суштинската порака беше дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи е основен фактор за запазување на индивидуалната и општата безбедност во сообраќајот.