Вчера (03.05.) Отсекот за превенција при СВР Битола, во селата Оптичари, Лажец, Крстоар, Граешница, Острец и Кишава одржаа средби со мештаните чија што цел имаше превентивен карактер во насока на разгледување на безбедносната состојба и степенот на загрозеност на шумите од пожари, потоа мерки за поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, а пред се преку зајакнување на комуникациите и координацијата помеѓу надлежните субјекти и други мерки за поефикасна заштита од пожари.
Исто така, на средбата со населението беше разговарано и за начините за спречување на случаите за бесправно сечење на шума. Со присутните беше разговарано и за безбедноста во делот на имотните деликти, односно измамите, како и за нарушувањата на јавниот ред и мир, посебно од страна на малолетници и начини на заедничко дејствување со цел зголемување на безбедноста и взаемна доверба, намалување на прекршоци и други кривично правни настани. Граѓаните беа информирани и за казнените законски одредби по однос на предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, како кривично дело за кое сторителите се санкционираат.