02 мај 2025

Едукативна трибина на СВР Куманово за безбедни матурски прослави

 Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска (02.05.) во Куманово одржа едукативна трибина со ученици од осум основни и 12 средни училишта, полуматуранти и матуранти, од подрачјето на Куманово, а по повод претстојните полуматурски и матурски прослави. 

Притоа, полициските службеници на учениците им ги предочија не само законските туку и другите штетни последици од прекршувањата на Законот за јавен ред и мир, Законот за безбедност на патниот сообраќај, како и последиците од разните социо-девијатни поведенија (конзумирање алкохол и слично), а се во интерес на нивната безбедност и мирното прославување на матурските вечери.