02 мај 2025

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

 Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и полициски службеници од ПСОН Центар, денеска (02.05.) на подрачјето на оваа полициска станица спроведоа превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот. 

Притоа, во контекст на мотото „Користи појас“ и “Сите сме пешаци“, на локации на булеварот „11 Октомври“ во центарот на градот, полициските службеници разговараа со учесниците во сообраќајот (возачите и пешаците) околу потребата од максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, во интерес на личната и општата безбедност во сообраќајот. Воедно, на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со РСБСП.