30 април 2025

„Стоп за врсничкото насилство“, превентивна активност на СВР Куманово

Денеска (30.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Општинскиот совет за детско престапништво Куманово, пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово организираа ликовен настан со ревијален карактер за ученици од сите основни и средни училишта на подрачје на oпштина Куманово на тема „Стоп за врсничкото насилство“.
Целта на оваа превентивна активност, преку популаризирање на креативниот пристап како што е ликовната уметност е младите не само да се насочат кон уметноста, меѓусебното другарување и толеранција, туку истовремено да ги разменат и промовираат своите размислувања и разбирања за актуелни теми и проблеми што секојдневно ги тангираат во текот на воспитно образовниот дел од нивното секојдневие. Во конкретниот настан тоа беше социо-девијатниот феномен на врсничко насилство, неговите причини, последици и како истиот да биде препознен и надминат.