Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Полициските одделенија за безбедност на патниот сообраќај од ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, денеска (30.04.) во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“, за учениците од четврта година од Општинските средни училишта „Кирил и Методиј“ во Неготино и „Добри Даскалов“ во Кавадарци, реализираа превентивни-едукативни предавања.
На матурантите преку интерактивна комуникација и видео презентации им беше потенцирана потребата за безбедно прославување на матурските вечери, односно зачувувањето на безбедноста на учениците, јавниот ред и мир, избегнувањето на користење алкохол и психотропни супстанци, како и евентуалното влегување во вербални и физички пресметки.
Исто така, им беше потенцирано да се воздржат од управување на моторни возила, свои или на нивните родители, под дејство алкохол, или без возачки дозволи или во било кои други недозволени ситуации. Целта е да се придонесе матурските прослави да минат мирно и безбедно, а се во интерес на младите.
Истовремено, денешната превентивно – едукативна активност, беше надополнета со предавање и на тема „Трговија со луѓе“.