29 април 2025

Превентивни активности на СВР Скопје за безбеден сообраќај

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од ПСОН Кисела Вода денеска (29.04.) спроведе превентивно едукативни активности под мотото „Сите сме пешаци“ и „Користи појас“,за учесниците во сообраќајот.
Едукативно превентивната активност беше спроведена на подрачјето на ПСОН Кисела Вода, односно на булевар „Борис Трајковски“, при што полициските службеници на повеќе локации во разговор со пешаците и возачите укажуваа за неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во интерес на општата безбедност во сообраќајот, но и во интерес на самите учесници во сообраќајот. Исто така, на граѓаните им укажаа и за санкциите доколку не се почитуваат прописите. Инаку, покрај ова, овие проектини активности имаат и за цел зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, а и во оваа прилика како и и во сите други слични активности претходно, на граѓаните им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.