Денеска (29.04.) полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола во соработка со Црвениот Крст, Територијалната противпожарна единица Македонски Брод, ДЗС, како и екипа на Итна медицинска помош во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Општина Пласница, Македонски Брод за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација во случај на пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.