29 април 2025

„Не управувај возило под дејство на алкохол“, превентивни активности на СВР Штип

Денеска (29.04.) полициски службеници од Полициските оделенија за БПС -Делчево и Берово во овие два града реализираа превентивни активности од областа на сообраќајната безбедност, а посветени на штетноста од конзумирање алкохол при возење.
Под мотото „Не управувај возило под дејство на алкохол“ полициските службеници во непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот укажуваа на неопходноста од почитување на законската регулатива, со низа препораки за безбедно управување на возилата, со нагласок на фактот дека секој возач што конзумира алкохол и управува возило ќе биде санкциониран. Дотолку повеќе што управувањето возило под дејство на алкохол е една од најчестите причини за случување на сообраќајни несреќи со тешки последици. Воедно, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП.