Вчера (28.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица реализираа едукативно предавање на тема „Безбедност во сообраќајот“ за учениците од петто одделение од Основното општинско училиште „Видое Подгорец“ во Струмица.
Преку наменски подготвена презентација и обезбеден едукативен материјал од РСБСП, на учениците им беа презентирани основните правила и прописи кои треба да ги почитуваат како учесници во сообраќајот, независно дали се пешаци или управуваат велосипеди или тротинети.
Исто така, на учениците им беше презентирана и дел од опремата што ја користат полициските службеници, при што им беше објаснета улогата на полицијата и должностите кои таа ги има.