Денеска (28.04.2025) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“, за учениците од завршните години во Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“ во Велес, реализираа превентивно-едукативни работилници. На матурантите преку интерактивна комуникација и видео презентации им беше потенцирана потребата за безбедно прославување на матурските вечери, односно зачувување на безбедноста на учениците, јавниот ред и мир, избегнување на користење алкохол и психотропни супстанци, како и евентуално влегување во вербални и физички пресметки.
Исто така, им беше потенцирано да се воздржат од управување на моторни возила, свои или на нивните родители, под дејство на алкохол или без возачки дозволи или во било кои други недозволени ситуации. Целта е да се придонесе матурските прослави да минат мирно и безбедно, а се во интерес на младите.
Истовремено, денешните превентивно– едукативни активности, беа надополнети со предавање и на тема „Трговија со луѓе“.