Денеска (28.04.2025) полициски службеници од ПО за БПС Кочани во централното градско подрачје на Кочани спроведоа превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, полициските службеници укажуваа дека употребата на мобилен телефон додека се управува возилото е ризична, опасна и спротивна на законот. Не постои разговор на мобилен телефон чија важност може да се спореди со пристигнување безбедно на посакуваната дестинација, порачаа полициските службеници. Исто така, беше нагласено дека доколку има потреба од разговор, возачот треба да го запре возилото на безбедно место, без да има опасност и ризик и за другите учесници во сообраќајот. Како возачи треба да се воздржиме од користење на мобилен телефон бидејќи секој повик може да почека, а секое невнимание при пишување порака или разговор на мобилен телефон може да предизвика и сообраќајна незгода.
Исто така, денеска и во Пробиштип полициски службеници од ОВР Пробиштип, за учениците од ООУ „Никола Карев” во просториите на училиштето одржаа едукативно предавање на тема „Основни сообраќајни правила и прописи”.