Изминатиот викенд во Куманово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за детско престапништво и претставници од повеќе институции организираа тркалезна маса на тема „Вклученост на институции во превенција на врсничко насилство“.
Целта на активноста беше со зголемена комуникација и координација помеѓу институциите да се влијае на спречување на физичкото и сајбер насилство помеѓу децата. Исто така, беа договорени низа на мерки кои ќе бидат преземени во наредниот период за сузбивање на ваквите појави.