27 април 2025

„Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“ – превентивна активност на СВР Тетово

Денеска (27.04.2025 во општина Брвеница, Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане спроведе превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“.
Основна цел на проектот е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработка помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, за време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа , фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свеста и информирање за законската регулатива,како и санкциите.