Денеска (27.04.2025), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица во населените места Добрејци, Просениково, Василево, Муртино и Моноспитово, струмичко, реализира превентивна активност за безбедно управување на мотоцикл и велосипед и безбедно управување на земјоделски машини.
Во непосреден разговор со возачите кои ги управуваат овие возила, полициските службеници им укажуваа за нивната обврска за безбедно управување на возилата. На возачите на мотоциклите им беше укажано за нивната обврска за задолжително користење заштитна опрема, велосипедистите беа запознаени како да се заштитат при управување на велосипеди на сообраќајни површини каде нивната безбедност би била загрозена, а воедно на возачите на земјоделски машини, односно трактори, им беше укажано секогаш да бидат технички исправни и видно обележани, односно осветлени при учество во сообраќај.
На возачите им беа поделени и летоци со едукативна содржина, обезбедени од РСБСП.