На 26.04.205 на Граничниот премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ спроведоа превентивна активност на тема „Вози безбедно“. Притоа, на возачите кои влегуваат во земјата им беа делени летоци со едукативна содржина и совети за почитување на сообраќајните правила и прописи. Исто така, со возачите беше разговарано и им беа давани совети дека со совесно и одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.