26 април 2025

Превентивни активности на СВР Тетово за заштита од пожари

Полициски службеници на СВР Тетово - Отсек за превенција во содејство полициски службеници од Полициското одделение Галате, денеска (26 април) реализираа повеќе превентивни активности за заштита од пожари. Притоа , на неколку пунктови, на возачите и останатите граѓани им беа делени летоци со информации и совети како да се однесуваат и максимално да придонесат да се спречат пожарите на отворено. Притоа, посебно им беше потенцирано од возилата да не фрлаат неизгаснати отпушоци, но и стаклени шишиња кои можат да предизвикаат пожари со материјални и други последици. Вакви активности, ќе бидат реализирани и во иднина на подрачјето на СВР Тетово.

Основна цел  на овие активности е да се подигне свеста и културата на возачите, но и на другите граѓани за заштита од пожари на нивите, шумите и на други места.