26 април 2025

„Лето без пожари - Пламените јазици се незапирливи“ – превентивна активност на СВР Скопје

 На 26.04.2025 на на наплатна рампа Петровец, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ спроведе превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - Пламените јазици се незапирливи“. 

Основна цел на проектот е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработка помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, за време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа , фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свесноста и информирање за законската регулатива како и санкциите.