26 април 2025

Превентивна активност на СВР Струмица

Денеска (26.04) на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица реализираа превентивна активност во рамки на проектот „МВР за граѓаните“.

Во непосреден разговор и со делење на летоци полициските службеници им укажуваа на граѓаните за потребата од градење на доверба и партнерски однос помеѓу полицијата и граѓаните, кои се во интерес на поголема безбедноста на заедницата во која живеат. Исто така, на граѓаните им беше укажано како лично да се заштитат од кражби, а воедно и како да го заштитат нивниот имот.