25 април 2025

Превентивни активности на СВР Штип за побезбеден сообраќај и заштита од трговија со луѓе

 Денеска (25.04) полициски службеници при ПО за БПС Кочани, како и полициски службеници од ПО за БПС Берово, во овие два града спроведоа едукативно превентивни активности посветени на безбедноста во сообраќајот, а под мотото „Не заборавај, стави појас“. На локации во централните подрачја на Кочани и Берово полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните- возачи, како и на сопатниците им укажуваа за важноста од почитувањето на одредбите од ЗБСП во поглед на задолжително користење на сигурносните појаси при возење. Исто така на граѓаните им беа поделени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП. 

Исто така денеска, во Берово полициски службеници од ОВР Берово реализираа превентивна едукативна активност, односно работилница на тема – „Трговија со луѓе-деца“. Едукативната работилница се одржа во подрачното основно општинско училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, при што преку видео презентација учениците од седмо одделение беа запознаени со сите аспекти на проблематиката со трговијата со луѓе, особено трговијата со деца, како и превенција од овој тежок облик на криминал. Инаку, работилницата беше реализирана во соработка и со одделенските раководители, со училишните педагози и психолог.