25 април 2025

Симулациска вежба на СВР Битола за постапување во кризни ситуации

 Денеска (25.04.) полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст од Битола, со Територијалната противпожарна единица Битола, како и со екипа на Итна медицинска помош Битола   во средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Битола, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. 

Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.