Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Карпош и Центар, денеска (25.04.) спроведоа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот.
Едукативно превентивната активност се спроведе на локации кај ТЦ „Сити мол“ и кај „Порта Македонија“, каде што во непосредна комуникација со граѓаните полициските службеници апелираа за одговорно и внимателно учество во сообраќајот, со почитување на сообраќајните правила и прописи. Проектот е насочен кон зголемување на сообраќајната култура и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, беше поделен и едукативен материјал односно летоци изработени во соработка со РСБСП.
Исто така денеска, во соработка со ПО Мирковци, во двете основни општински основни училишта на подрачјето на надлежност на оваа полициска организациона единица – „Свети Кирил и Методиј“ (село Кучевиште) и „Александар Урдаревски“ (село Сандево) беа одржани две едукативни работилници на тема „Полицијата во демократско општество“.