25 април 2025

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

Вчера (24.04.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и со полициски службеници од ПСОН Аеродром, спроведе сообраќајна превентивна активност под мотото „Сите сме пешаци“.
Едукативно превентивната активност беше спроведена на подрачјето на ПСОН Аеродром, односно на локации на булеварот „Јане Сандански“, кај ТЦ „Капитол“, каде што во непосредна комуникација со граѓаните – пешаци и возачи, од страна на полициските службеници беше укажувано за потребата од внимателност, одговорност и пред се почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на индивидуалната и општа безбедност во сообраќајот.
Oсновната цел на проектот беше насочена кон зголемување на сообраќајната култура, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Полициските службеници на граѓаните им делеа и едукативен материјал, односно летоци, изработени во соработка со РСБСП, со информативни содржини за безбедноста во сообраќајот.