24 април 2025

„Безбедни матурски прослави“, превентивна активност на ОВР Делчево и РЦГР Исток

Полициски службеници од ОВР Делчево заедно со полициски службеник од РЦ за ГР Исток денеска (24.04.) во СОУ „Методија Митевски Брицо“ за учениците од четврта година одржаа едукативни предавања во рамки на превентивниот проект – „Безбедни матурски прослави“, како и околу темата посветена  на трговијата со луѓе. 

На учениците им беше потенцирана потребата за безбедно прославување на матурската вечер односно зачувување на безбедноста на учениците, јавниот ред и мир, избегнување на користење на алкохол, како и евентуално влегување во вербални и физички пресметки. Исто така им беше потенцирано да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол и без возачки дозволи. А сето тоа во насока на мирни и безбедни матурски прослави. Дополнително, оваа активност беше надополнета и со предавање на тема – „Трговија со луѓе“ со цел запознавање и информирање на учениците со овој облик на криминал.