24 април 2025

Едукативна работилница на СВР Велес за безбедни матурски прослави

Денеска (24.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“, за учениците од четврта година во oпштинско средно училиште „Јовче Тесличков“ во Велес, реализираа превентивно-едукативна работилница. На матурантите преку интерактивна комуникација и видео презентации им беше потенцирана потребата за безбедно прославувањето на матурските вечери, односно зачувувањето на безбедноста на учениците, на јавниот ред и мир, избегнувањето на користење алкохол и психотропни супстанци, како и евентуалното влегување во вербални и физички пресметки. 

Исто така, им беше потенцирано да се воздржат од управување на моторни возила, свои или на нивните родители, под дејство алкохол, или без возачки дозволи или во било кои други недозволени ситуации. Целта на активноста е да се придонесе матурските прослави да минат мирно и безбедно, а се во интерес на младите. 

Инаку, денешната превентивно – едукативна активност, беше надополнета со предавање и на тема „Трговија со луѓе“.