24 април 2025

„Стави појас“, превентивна активност на СВР Охрид

Отсекот за превенција при СВР Охрид вчера (23.04.) реализираше едукативна кампања од областа на безбедноста на сообраќајот, а под мотото - „Стави појас“. Притоа, полициските службеници на неколку сообраќајни пунктови, преку непосредна комуникација со возачите на моторни возила ја нагласија потребата, но и законската обврска за користење безбедносен појас при управување со моторните возила, во и надвор од градските средини.
На возачите им беше и поделен едукативен материјал со практични совети за безбеден сообраќај. Целта на кампањата, реализирана во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е подигнување на сообраќајната култура и сообраќајната безбедност кај учесниците во сообраќајот.