Денеска (23.04.) Отсекот за превенција при СВР Битола и Полициските станици за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и ОВР Демир Хисар организираа едукативно – превентивни работилници во средното општинско училиште „Таки Даскало“ од Битола и средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, а во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“.
Притоа, на работилниците наменети за учениците од четврта година, односно матурантите, полициските службеници ги запознаа учениците со одговорностите, како и со мерките и последиците од непочитувањето на законските правила и прописи, пред се од областа на сообраќајот и на почитувањето на јавниот ред и мир. Посебно внимание беше посветено на консумирањето алкохол и управувањето со моторни возила за време на матурската прослава, и опасностите и штетите што од тоа можат да произлезат.